Шест лица се повредени кога се запали сауна во соба во хотел во Словенија.
Како што пренесува „24.ур“, на местото веднаш пристигнале пет противпожарни возила, а 100 гости на хотелот веднаш биле евакуирани.
Според нив, пожарот избувнал во една од собите на шестиот кат, а надлежните веруваат дека гостите, кои престојувале во собата со сауна, ја вклучиле за да ја користат.
Повредените се пренесени во болница, меѓу нив и неколку работници и сопственикот на хотелот.