Search

Северна Кореја планира да лансира шпионски сателит, вели пратеник од Јужна Кореја

Се очекува Северна Кореја да лансира уште еден шпионски сателит на крајот на август или почетокот на септември, изјави денеска јужнокорејски пратеник.

Првото лансирање на воен сателит во мај заврши неуспешно, но Северна Кореја вети дека наскоро ќе испрати втор сателит во орбитата, пренесува „Ројтерс“.

Јо Санг-бум, пратеник од Јужна Кореја, им изјави на новинарите по состанокот со шефот на разузнавачка агенција дека постои шанса новиот сателит да биде лансиран за да ја прослави годишнината од основањето на земјата на 9 септември.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претходно најави дека лансирањето сателит во втората половина на оваа година е приоритет.

Треба да знаете
Последни објави