Search

СДСМ: Седницата за уставни измени ќе покаже дали Мицкоски е за или против ЕУ

Нема веќе простор за Мицкоски и неговите манипулации. Седницата за уставни измени ќе покаже дали Мицкоски и ДПМНЕ се за или дефинитивно се против ЕУ.

Со голема леснотија Мицкоски кажува дека е подготвен да им ја блокира европската иднина на граѓаните земјата, исто како Груевски.

За лични цели, против подобар живот и против стратешката цел за членство во ЕУ. Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или изолација, седнат во скутот на Левица. 

Доколку ја одбере Левица и анти-европскиот блок Мицкоски отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави