Search

САД одобри продажба на израелско-американски системи за противвоздушна одбрана на Германија

СAД одобрија продажба на израелско-американскиот противракетен одбранбен систем Arrow-3 на Германија за вкупна вредност од 3,5 милијарди долари.

Тој договор е најголемиот воен договор во историјата на Израел, соопшти израелското Министерство за одбрана.

Израел и Германија ќе потпишат писмо за намери со аванс од 600 милиони долари за започнување со работа на овој проект, се вели во соопштението и се додава дека целиот договор ќе биде потпишан до крајот на 2023 година.

САД се партнери во проектот Arrow, кој заеднички го развија израелската организација за ракетна одбрана и Американската агенција за ракетна одбрана.

Војната на Русија во Украина го изложи проблемот со недостигот на копнени системи за противвоздушна одбрана, како што се Рајтон, Патриот или поновиот систем IRIS-T во многу западни земји.

Треба да знаете
Последни објави