Search

Русија го казни Гугл со три милиони рубли затоа што не отстрани видео за Украина

Московскиот суд денеска ја казни компанијата Гугл со три милиони рубљи или околу 29.300 евра, објави весникот „Комерсант“ на својот канал „Телеграм“.

Гугл е казнет затоа што не отстранил контроверзно видео поврзано со конфликтот во Украина.
Ова не е прв спор на Google со руските власти.

Во јуни рускиот суд го казни Гугл со 43,25 милиони евра поради неплаќање на надоместокот што претходно го утврди Федералната антимонополска служба (ФАС) на Русија, пренесе ТАСС.

Во мај судот во Москва утврди и дека Гугл мора да плати 36.000 евра за неотстранување на содржини кои шират „ЛГБТ пропаганда“.

Треба да знаете
Последни објави