Search

ФТ: Путин свика итен состанок за заострување на девизната контрола во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин за денеска свика итен состанок со одговорните претставници откако зголемувањето на референтната каматна стапка на 12 отсто не го спречи слабеењето на рубљата. Таа информација ја објави Фајненшал тајмс  повикувајќи се на два извора запознати со ситуацијата. 
На средбата рускиот претседател ќе ги разгледа предлозите на Министерството за финансии за зајакнување на девизната контрола, пренесува Комерсант.

Според извори на ФТ, руското Министерство за финансии предложило руските извозници да се обврзат да продадат до 80 отсто од нивната девизна заработка во рок од 90 дена од испораката. На компаниите што нема да ги почитуваат тие услови ќе им бидат одбиени државните субвенции, пишува британскиот весник. Предложена е и забрана за исплата на дивиденди и издавање заеми на лица лоцирани надвор од Русија, укинување на увозните субвенции и намалување на износот на девизи што извозниците можат да ги изнесат од Русија.

Треба да знаете
Последни објави