Search

Нејмар покрај многу пари ќе има на располагање и приватен авион

Бразилскиот фудбалски интернационалец Нејмар кој го имаше најскапиот трансфер со преселбата од шпанската Барселона во францускиот ПСЖ замина предвреме од редовите на „светците“ и се пресели во Саудиска Арабија, во тимот на Ал Хилал. Тимовите од С.Арабија не жалат пари за да направат спектакуларни состави. Така за да га намамат Нејмар покрај многуте пари за плата и бонуси на Бразилецот му ставаат на располагање и приватен авион.

Нејмар стана најплатениот фудбалер во историјата на Ал-Хилал. Годишно во Саудиска Арабија ќе заработува плата од 160 милиони евра, ќе добива и 80.000 евра бонус за секоја победа, и пола милион евра за секоја објава на социјалните мрежи во која ќе ја промовира Саудиска Арабија.

Во Саудиуска Арабија Нејмар ќе живее како вистински шеик во своја вила со послуга.

Раководството на Ал Хилал создава тим за да ја осцвои титулата. Летово пред ангажаманот на Нејмар ги добија и потписите на европските ѕвезди како Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невес, Малком, Калиду Кулибали, а во следните денови треба да пристигнат и српскиот стрелец Александар Митровиќ и голманот Боно.

Треба да знаете
Последни објави