Search

Луиџи Сореца се враќа во Тирана на чело на мисијата на ЕУ

Луиџи Сореца ќе се врати во Албанија како шеф на Мисијата на Европската Унија во Тирана, нешто повеќе од една година откако ја напушти земјата, јави Ора њуз.

– Сигурни извори потврдија за Ора њуз дека италијанскиот дипломат ќе се врати како претставник на Брисел во Тирана,  на местото на амбасадорката Кристине Хохман, која ја напушта Албанија пред истекот на мандатот, наведува телевизијата.

 Сореца, ќе ја преземе функцијата на 1 септември и привремено ќе ја води Делегацијата на ЕУ во Тирана до назначувањето и доаѓањето на новиот амбасадор на ЕУ во Албанија.

Тој дојде во Тирана во септември 2018 година, со долгогодишно искуство во миграциските и безбедносните прашања а ја наследи  Романа Влахутин на чело на делегацијата на Европската унија во Тирана.

– За време на неговиот 42- месечен престојот во нашата земја како амбасадор на ЕУ, беше вклучен во прашањето за реформите во правосудството, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал, заедно со американската амбасадорка Јури Ким, која неодамна замина на нова должност во Стејт департментот, додава телевизијата.

Според истиот извор враќањето на Сореца во Албанија доаѓа во важен момент во контекст на процесот на интеграција на Албанија во Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави