Search

Приведени две лица од Љубанци поради бесправна сеча на дрва

Полициски службеници од ЕВР Чаир денеска ги лишиле од слобода В.Ј. и малолетник, двајцата од скопското село Љубанци, поради бесправна сеча на дрва.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, денеска околу 13 часот во атарот на викенд населбата Бродец, на местото викано Раеви ливади, тие биле затекнати како со моторна пила неовластено сечат огревни дрва.

-По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Треба да знаете
Последни објави