Search

Поскапеа млечните производи вторпат за една недела

Ново покачување е евидентирано во маркетите кај млечните производи. Ако пред една недела можеше да се забележи поскапување кај сирењето, кашакавалот од 30-40 денери, оваа седница почна со повисоки цени до 10-15 денари на истите производи во зависнпост од производителот.

Според трговците поскапувањето на млечните производи ќе изнесуваат од 5 до 30 денари на секој млечен производ. Покрај основното поскапување, во новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната, но и ДДВ-то од 5 проценти.

Така јогуртот кој во одредени маркети до вчера чинеше 72 денари, утрово се продава за 75 денари. Кислеото млеко од 30 скокна на 32 денари… Јогуртите кои имаа цена од околу 80 денари пред покачувањето сега се нуди за околу 90 денари, во зависност од производителот и маркетот каде го набавувате.

Кравјиот кашкавал кој досега чинеше околу 500 денари сега ќе чини до 600 денари. Еден килограм овчи кашкавал ќе се продава за околу 900 денари, мешаниот за околу 700 денари, кравјото сирење ќе добие цена околу 400 денари, овчото сирење ќе се продава за повеќе од 500 денари.

Треба да знаете
Последни објави