Search

Калин Ивановски елиминиран на стартот од турнирот во Полска

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски доживеа елиминација на стартот од челенџер турнирот во Полска. Тој не успеа во дуелот со квалификантот, Мариуш Цопил од Романија.

Романецот беше подобар и славеше со 2:1 во сетови.

Цопил го доби првиот сет со 6:4, а потоа Ивановски возврати силно и експресно го комплетираше вториот сет со 6:1 во гемови. Но, третиот сет повторно загуби свој сервис и на крајот Цопил го доби со 6:4 во гемови.

Треба да знаете
Последни објави