Search

Ефтимова од Еразмус плус: Ние сме тие кои велиме ДА за европското семејство

Императив за повеќето млади луѓе е европско семејство и неговите предности, истакна Благица Ефтимова, проектен координатор за Еразмус плус мобилност во интервју за Трн.

„Ние сме тие што треба да го направиме реалност. Нема некој друг да дојде и да каже – ајде отворена ви е вратата, влезете. Според мене, Европско семејство ДА. Дефинитивно имаме еден куп можности. Колку ќе бидат тие добронамерно искористени останува да видиме“ смета Ефтимова.

„Верувам дека потенцијалот на младите од Западен Балкан е можеби и поголем од потенцијалот на останатите земји од Европа, затоа што тука ние сме научени сами да ги бараме можностите. Не ни е дадено ништо така на дланка, туку ние сме тие кои сакаме да успееме. Имаме амбиција, креативност и желба, меѓутоа можеби некогаш ни треба поттик за таа мотивација и поттик за таа желба да испадне на виделина и дополнителна  мотивација за да можеме  да успееме“ потенцираше Ефтимова.

Според неа Еразмус им покажува на младите дека ги имаат истите можности како и остатокот од Европа, а прашање е колку ќе ги искористиме тие можности.

„Треба малку да излеземе од таа комфорт зона и да бидеме на терен, односно да видиме што можеме да работиме со професорите и со наставниците. Тие да бидат мобилизатори на заедницата. Има можности  со овие програми, но ние сме тие што некогаш треба да ги најдеме тие можности“ истакна Ефтимова.

Треба да знаете
Последни објави