Се судрија трамвај и автобус во Белград – најмалку 10 повредени

Десет лица се повредени, од кои двајца потешко во судир на автобус и трамвај во Белград.

Сообраќајна несреќа се случила околу 05.45 часот а се судриле автобус на градскиот превоз кој сообраќал на линијата 50 и трамвајот број 9.

На местото на несреќата се четири екипи на Брза помош и полиција. Истрагата е во тек, јавува РТС.

Треба да знаете
Последни објави