Search

Спасовски и Николовски присуствуваа на манифестацијата „Макавеи 2023”

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

-Утрово во с. Герман, Општина Ранковце, во црквата „Света Троица” заедно со граѓаните и колегата Ljupcho Nikolovski, присуствував на утрена Света Божествена литургија по повод започнувањето на Богородичните пости и празникот Свети седум маченици Макавеи за кои пишува во Стариот завет на Светото писмо, а кои страдале со маченичка смрт храбро бранејќи ја верата.

Заедно со граѓаните присуствував на манифестацијата „Макавеи 2023”, на голем народен собир да ја одбележиме оваа слава на која присуствуваат и по 10.000 посетители од околните села и од цела Македонија.

Нека е за многу години!

Треба да знаете
Последни објави