Search

Со три авиони се гаси нов пожар во Дебреште

Центарот за управување на кризи информира дека избил голем пожар во атарот на селото Дебрешта кое се наоѓа во општината Долнени и дека упатени се трите Ер Трактори на Дирекцијата за заштита и спасување за интервенција.

„Во атарот на с. Дебрешта, општина Долнени, изби поголем пожар во нискостеблеста деградирана шума. За да се превенира негово ширење трите Ер Трактори на ДЗС се упатени да интервенираат“, информираат од ЦУК.

Треба да знаете
Последни објави