Search

Припадниците на Армијата учествуваа во изградба на привремен мост во Межице во Словенија

Министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец на отворањето на мостот во Межица денес истакна дека Словенечката армија набрзо по поплавите почнала да го гради овој привремен мост, а во изградбата на мостот учествувале претставници на Македонската армија

-Благодарение на инженерите мостот денес стои. Навистина ни требаше, важно е за локалното население и за економијата. Мило ми е што за кратко време е изградена на таков начин, напиш тој во објавата на Фејсбук.


Началникот на Генералштабот на Словенечката армија, генерал-потполковник Роберт Главаш потенцираше дека Словенечката армија од самиот почеток учествува во отстранувањето на последиците од поплавите.

-Ние помагаме каде што можеме. Мислам дека оваа помош е огромна. Овој мост го изградивме заедно со членовите на македонската војска за четири-пет дена.“

Како помош за справување со последиците од поплавите во Словенија од Македонија заминаа 100 припадници на Армијата.

Треба да знаете
Последни објави