Нивото на водата во Охридското и Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера

 Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се за еден сантиметар пониски од вчера, покажуваат денешните хидрометеоролошки мерења, додека нивото на Дојранското Езеро е без промени.

Според УХМР, Охридското Езеро е нешто над августовскиот просек, а Преспанското и Дојранското се со подпросечни вредности за август.

Кај водостоите на реките денеска нема поголеми отстапувања во однос на вчерашниот ден.

Треба да знаете
Последни објави