Search

Момче преживеа пад од висина од 30 метри во Големиот Кањон, сакало да се оддалечи за да можат луѓето да се сликаат

Тринаесетгодишно момче преживеало откако се лизнало и паднало од височина од речиси 30 метри во Голмиот кањон (Гранд Кањон) во американската сојузна држава Аризона.

На спасувачките екипи им беа потребни два часа да го извлечат Вајат Кауфман на безбедно, откако тој падна од карпа во туристичката област Северен Рим во вторникот.

Со тешки повреди бил пренесен во болница, но подоцна бил пуштен. Вајат изјави за локална телевизија дека паднал додека се движел од патот за луѓето да можат да фотографираат. Рече дека клекнал и се држел за карпа со едната рака кога изгубил рамнотежа и паднал, пишува „Би-би-си“.

„По падот не се сеќавам на речиси ништо. Само повремено се будев и видов дека сум во амбулантно возило и хеликоптер“, додал тој.

13-годишното момче имало девет повреди.

Во спасувањето учествувале десетици работници за итна помош. Вајат бил извлечен на безбедно од тим од националниот парк Гранд Кањон, кој се спуштил по карпата откако спасувачите сфатиле дека не може да се стигне со хеликоптер.

Треба да знаете
Последни објави