Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски гласаше за промена на името на улицата во Чаир, ако во СДС не знаат или не им кажал нека го прашаат преку соопштение

Димитар Ковачевски, како заменик министер за финансии и претставник на министерството за финансии гласал за Предлог листата за менување на имињата на улиците во град Скопје.

Ковачевски и СДС директно допринеле за смена на името на улицата „Втора македонска ударна бригада” во Чаир.

Владата на ДУИ и СДС на две седници во 2021 година ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади, доставена од Град Скопје под водство на СДС. Целиот процес е започнат од СДС и завршен од СДС.

Лагите на СДС се препознаени од народот. Во СДС ако не знаат или Ковачевски не им кажува, нека го прашаат јавно преку соопштение од нивниот прес центар па може ќе им одговори, дека токму тој е причина за преименувањето на улицата „Втора македонска ударна бригада” во Чаир. 

Треба да знаете
Последни објави