Search

Варан му донесе триумф на Јунајтед против Вулверхемптон

Манчестер јунајтед дојде до планираните три бода на стартот од сезоната во Премиерлигата, но Вулвс се покажа како одличен противник кој не заслужи да загуби. Црвените ѓаволи победија со 1-0.

Манчестер јунајтед добро се изнамачи за да дојде до победа над Вулверхемптон.

Клучниот момент се случи во 76. минута кога по асистенција на Ван Бисака, Варан погоди со глава за водство од 1-0, што беше и конечен резултат.

Вулвс во второто полувреме имаше многу шанси за гол, Онана со неколку интервенции успеа да го сочува водството.

Гостите имаа двојно повеќе шутеви во рамките од голот, статистички во обидите беа подобри, но Олд Трафорд се радуваше на триумф.

Треба да знаете
Последни објави