Search

Амирабдолахан: Иран е посветен на дипломатско решавање на нуклеарниот спор

 Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амирабдолахан денеска изјави дека Техеран е посветена на решавање на нуклеарниот спор со светските сили по дипломатски пат.

– Отсекогаш сакавме враќање на сите страни на целосно почитување на нуклеарниот договор од 2015 година, наведе Амирабдолахан.

Индиректните разговори меѓу Вашингтон и Техеран за заживување на нуклеарниот договор се во застој од септември минатата година. Иран и САД минатата недела постигнаа договор со кој одмрзнаа шест милијарди долари ирански фондови во Јужна Кореја, додека Техеран, за возврат, ослободи пет американски државјани кои беа во затвор во Иран.

Во нуклеарниот договор од 2015 година, иранските власти се согласија, меѓу другото, да го ограничат развојот на нивната нуклеарна програма. 

Треба да знаете
Последни објави