Search

Став на претседателот Пендаровски по повод реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Неверојатно е зошто во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат што навистина се случи во петокот. 

Во нивното најново соопштение, освен примитивни дисквалификации по кои се препознатливи во јавноста, тие го критикуваат претседателот на државата затоа што побарал одговорност за организаторите на собирот на кој беше истакната карта на „Голема Албанија”, не беше интонирана македонската химна, ниту беше истакнато државното знаме!

Очигледно, за оваа политичка партија се поважни надлежностите на општините и Градот Скопје, отколку заштитата на националните интереси на државата.  

Треба да знаете
Последни објави