Search

Пронајдено телото на удавениот во Дојранско Езеро

Нуркачите од САЕ Тигар на МВР во 19.12 часот го пронајдоа и извлекоа од водите на Дојранското Езеро езерото удавениот штипјанец.

Веста ја соопштија од МВР, откако по неколкучасовна потрага телото на удавениот штипјанец на 42 годишна возраст беше лоцирано во водите на Дојранско Езеро. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.

Несреќата се случи денеска околу 11:30 часот, кога во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран, во непосредна близина на Градската плажа, едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило. Станува збор за И.З.(42) од Штип, со престој во Германија.

Треба да знаете
Последни објави