Кејн остана без трофеј на дебито за Баерн

Капитенот на англиската фудбалска репреентација Хари Кејн имаше прилика на дебито за својот нов тим Баерн Минхен и во новата натпреаврувачка средина Гермнија да стартува со трофеј, но остана со празни раце. РБ Лајпциг го освои Суперкупот на Германија, откако во Минхен го совладаа Баерн со 3:0.

Стрелец на сите три голови беше Дани Олмо во 3, 44 и 68 минута.

За Лајпциг ова е втора Суперкуп титула во клупската историја.

Во редовите на Баерн во второто полувреме дебитираше Кејн кој само неколку часови пред почетокот на мечот го комплетираше трансферот од Тотенхем. 

Треба да знаете
Последни објави