Search

Во Прилеп се оддржа шеснаесеттото по ред „Поетско Маркукуле“

Во Прилеп викендов се оддржа шеснаесеттото издание на поетската манифестација „Поетско Маркукуле“, на кое учество земаа над 150 поети од земјава и од странство. 

Од Клубот на литературни творци, кои од 2019 година се и главни организатори на настанот велат дека ваквите настани се од големо значење за промоција на македонската традиција и култура, како и дека во Зборникот кој традиционално се издава, учество зедоа 220 поети поделени во неколку категории и тоа: домашни автори, странски и автори од дијаспората и млади автори до 18 години.

– Овој зборник кој го промовираме денес е вистински доказ дека „Поетско Маркукуле“ прераснува во веќе препознатлив поетски бренд не само во Македонија туку и пошироко. Ние како клуб покажавме дека со сплотени сили можеме да постигнеме се, истакна претседателката на клубот Андријана Ристеска.

Оваа година покровители на настанот се: Општина Прилеп, Министерството за култура, Магрони доо Скопје и ПИ Витаминка Прилеп.

-Од тука испраќаме една прекрасна порака, а тоа е дека пишаниот збор е на прво место каде што може да се презентира македонскиот јазик, култура и традиција. Посебна чест ми е што сум дел од овој настан кој од година во година зема се поголем замав и со тоа го промовираме и нашиот град и нашите надежни творци, изјави граљдоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

Првото издание на оваа манифестација се одржа во 2007 година по иницијатива на прилепчанецот Љубен Димкароски Димкар.

Треба да знаете
Последни објави