Search

Уапсени 40 лица кои го поддржувале убиецот од БиХ додека во живо ја убивал жената на Инстаграм

Досега се уапсени околу 40 лица кои за време на директниот пренос на Инстаграм го поддржаа убиецот од Градачац, Нермин Сулејмановиќ, кој брутално уби три лица, неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и Џенгиз и Денис Ондер, татко и син, турски државјани.

Ранети се полицаецот Хусеин Коториќ и граѓанинот Недим Памуковиќ, како и Хариса Ондер, сопруга на Џенгиз Ондер. Според последните информации, Хариса Ондер е во тешка состојба.

Убиецот во живо го пренесувал убиството на невенчаната сопруга. Многу луѓе во живо го поддржале. Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак за Аваз изјави дека се вршат активности за лоцирање на овие лица.

„Директорот на ФУП ме информираше дека Одделот за компјутерски криминал на ФУП веќе врши активности поврзани со евидентирање на лица кои на социјалните мрежи го поддржувале и величале убиството и убиецот“, рече Исак. ФУП во соработка со надлежното обвинителство ќе започне процес на лоцирање и документирање на сите лица кои преку своите објави ширеле омраза, дале поддршка, величале убиство и убиецот не само на Инстаграм туку и на сите други социјални мрежи.

Треба да знаете
Последни објави