Search

Папата Франциск повика на прекин на политичкото насилство во Еквадор

Папата Франциск го осуди вчерашниот атентат на претседателскиот кандидат на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен на помалку од две недели пред претседателските избори, и повика на прекин на политичкото насилство во јужноамериканската земја.

„Соочени со страдањата предизвикани од неоправданото насилство, кое безрезервно го осудува, Неговата Светост ги повикува сите граѓани и политички сили да се обединат во заеднички напори за мир“, се вели во телеграмата со сочувство на Ватикан испратена до надбискупот Алфредо Хозе Еспиноза Матеус во еквадорскиот главен град Кито. 

Треба да знаете
Последни објави