Search

Министерката Петровска не му остана должна на Сејдиу – Кога јазикот е побрз од мислата може да заглавите!

24 инфо побара став од министерката за одбрана Славјанка Петровска по однос на последните случувања околу споменикот во месноста Карпалак и ставот на градоначалникот на општина Желино.

24инфо: Министерке, како ја коментирате последната изјава на градоначалникот на општина Желино? Дали останувате на ставот за споменикот?

Петровска: “Кога јазикот е побрз од мислата може да заглавите.
Градоначалникот на Желино треба да се однесува зрело и чекам одговор на иницијативата.
Избран е да работи и нека сработи нешто добро за општината и граѓаните, нека не се расправа по медиуми. Жителите на општина Желино од него чекаат водовод, канализација и асфалт. Или и за тоа не е надлежен?
Да, како што ветив, споменик ќе има!” – изјави Министерката Петровска за 24инфо.

Треба да знаете
Последни објави