Search

Кино на отворено и музичка програма во Градскиот парк по повод Меѓународниот ден на младите

По повод одбележувањето на 12 Август – Меѓународниот ден на младите, Град Скопје во соработка со Младинскиот културен центар (МКЦ) и Универзалната сала, вечерва организираат бесплатен културно – забавен настан на отворено во првиот дел од Градскиот парк.

Програмата започнува во 20:30 часот со проекција на филмот „Сестри“ од режисерката Дина Дума, а потоа следува музичка програма за младите со настапите на DJ Marigo и на Zoki Bejbe.

Од Град Скопје наведуваат дека работат на подобрување на условите за живот на младите.

-Значајно е да се нагласи дека минатата година на овој ден се потпиша решението за формирање на Собранието на млади на Град Скопје, кое се основаше по првпат во Градот со цел зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес на локално ниво,  велат од Град Скопје. 

Треба да знаете
Последни објави