Search

Притворени 30 лица за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК

Мерка притвор им е одредена на сите 30 навивачи кои денеска дадоа исказ пред истражни судии откако во понеделникот беа уапсени по инцидентите пред стадионот на АЕК во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, јави дописничката на МИА од Атина. 

Процесот на сослушувањето на уапсените 105 лица, започна денеска и ќе продолжи утре и задутре, а хулиганите се поделени во три групи, денеска исказ дадоа 30 лица, утре други 30, а останатите 45 се в недела.

Меѓу оние кои денеска беа сослушани и им беше одредена мерка притвор, 28 се Хрвати, еден е Грк и еден Албанец, а според грчките медиуми, сите се бранеле дека немаат никаква поврзаност со убиството на 29-годишниот. 

Хрватските навивачи негирале дека поседувале ножеви и наводно рекле дека на стадионот стигнале за да го следат тренингот на Динамо Загреб, а не да ги нападнат навивачите на АЕК. 

Треба да знаете
Последни објави