Search

Енрике: Дембеле е 99 проценти фудбалер на ПСЖ

Францускиот фудбалер Усман Дембеле (26) речиси сигурно ќе биде нов фудбалер на ПСЖ, најави денеска тренерот на францускиот првак Луис Енрике.

„Дембеле сè уште официјално не е играч на ПСЖ, не е 100 отсто, но тоа е 99 отсто завршена работа. Преостанува уште еден параграф во договорот“, рече Енрике на конференција за новинари.

Претходно оваа недела тренерот на Барселона, Чави, го потврди заминувањето на францускиот напаѓач, кој треба да биде деветтото засилување на ПСЖ ова лето.

Дембеле во Барселона дојде во 2017 година, настапувајќи претходно за Рен и Борусија Дортмунд. 

Треба да знаете
Последни објави