Мицотакис и Чеферин пред Суперкупот на УЕФА ќе разговараат за случувањата во грчкиот и европскиот фудбал

Случувањата во грчкиот и европскиот фудбал ќе бидат во фокусот на средбата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис со претседателот на УЕФА Александар Чеферин закажана за в среда, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. 

Мицотакис денеска имал телефонски разговор со Чеферин и се договориле да се сретнат в среда во Атина, додека пак по нивната средба, грчкиот премиер ќе одржи состанок на кој освен претседателот на УЕФА и надлежните министри, поканети се да учествуваат и сопствениците на грчките фудбалски клубови Олимпиакос, Панатинаикос, АЕК и ПАОК.

В среда на стадионот на Олимпијакос во Пиреас ќе се одржи Суеперкупот меѓу Манчестер сити и Севиља.

Треба да знаете
Последни објави