Сплит е во страв од можно пристигнување на грчки и српски навивачи пред мечот Хајдук – ПАОК

Во Сплит денеска (21ч.) хрватскиот Хајдук и грчкиот ПАОК ќе го одиграат првиот натпреавр од 3. кавлаификациско коло од фудбалската Конференциска лига. Средбата доаѓа во моментите кога сеуште се свежи сеѓавањата и зовриени старстите по крвавиот инцидент во Атина, каде хрватски хулигани направија тежок инцидент со една жртва пред мечот од ЛШ АЕК – Динамо Загреб.

Домаќините овојпат старвуваат дека Грците би можеле овој натпревар во Сплит да го искористат како еден вид одмазда за нередите кои ги направија Хрвтите во Атина.

Локалното население е во страв од пристигнување на грчки хулигани кои би можеле да бидат помогнати од навивачите на српскиот Партизан со кои збратимени.

„Нема потврда, но имаме најава дека навивачите на ПАОК може да пристигнат во Сплит заедно со „Гробари“ на Партизан“, објави еден хрватски весник.

Контролата на границите е зголемена. Останува да видиме вечерва дали се ќе помине во најдобар ред. Ќе потсетиме, во нередите во Атина животот го загуби 29-годишниот Михалис Кацурис.

Треба да знаете
Последни објави