Search

Шошкиќ ќе биде замената на Димитријевиќ на турнирот во Талин

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија Александар Јончвски го одреди списокот на 12. кошаркари кои утре изутрина во 06.45 часот, патуваат за Талин каде од 12. до 15. август ќе се игра предолимпискиот квалификациски турнир.

Сосема неочекувано, поради повреда, Јончевски мораше да се откаже од услугите на Ненад Димитријевиќ, кој требаше да биде еден од носителите на играта на нашиот видно променет и подмладен национален тим

Ненад Димитријевиќ нема да патува со нас на претстојниот предолимписки турнир. Тој се пожали на болка во тетивата, како што ме информираа од лекарскиот тим, станува збор за истегнување, повредата не е премногу сериозна, но бара мирување во следните денови и доаѓа во најлош момент за нас“- потврди селекторот по последниот тренинг одработен во Скопје.На местото на Димитријевиќ, селекторот Јончевски одреди во ростерот од 12. кошаркари кои патуваат за Естонија да биде членот на младинската и на јуниорската селекција, Андреј Шошкиќ.

Согласно со тоа, за средбите со Израел, Естонија и Чешка во конкуренција се следните 12. кошаркари:Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ.   

Треба да знаете
Последни објави