Search

Се роди Бјанка, Бочварски стана татко

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски (38) стана татко. Тој убавата вест ја сподели на друштвените мрежи.

„Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка. Благодарност до целиот тим во Клиниката за Гинекологија предводен од Д-р. Викторија Јовановска“ – напиша Бочварски на Фејсбук.

Инаку токму на утрешен ден, пред две години, Бочварски ја запроси својата избраничка Маринела.

„Со Маринела сме заедно околу една година и требаше ова да се случи. Нема посебен датум за да го направам ова, така одлучив. Претходно бевме на вечера во ресторан и малку разговаравме на оваа тема, но не открив пред неа детали што ќе се случува подоцна. Раката и ја побарав потоа, кога се вративме дома. Немаше посебни романтики, не клекнав кога ја запросив, едноставно додека разговаравме се случи моментот, го покажав прстенот. Не сметавме дека треба да има апарати и камери, туку само ние двајца да си дадеме збор, затоа и немаме слики од вчера. Беше навистина убав момент и чекор и за двајцата. Бевме заедно на одмор, но, сепак, се одлучив да ја запросам тука дома. Искрено јас и Маринела извесно време правиме муабет за нашата иднина. Затоа и таа очекуваше дека ова ќе се случи, но не знаеше кога и затоа беше изненадена. Односно, како што ми рече, очекувала на есен или понатаму, но ете се случи вчера“, изјави пред две години министерот Бочварски.

Треба да знаете
Последни објави