Search

Она што порано беше храна за сиромашни, сега е поскаа од месото. На пазарите во Хрватска гравот достига цена до 12 евра

Гравот поскап од месото! И не само тоа, кога станува збор за цената на оваа, некогаш храна за сиромашните, во маркетите владее целосен хаос. Цената се движи од 2 до дури 12 евра за килограм, пишува хрватскиот печат.

Тоа е дел од инфлацискиот шок што владее во Хрватска, но додека повеќето прехранбени производи поскапеа за околу 15 отсто, гравот е поскап за 65 отсто!

На новинарско прашање дали осум и десет евра се прескапи за грав, продавачот одговара: „Па, се е скапо, не знам. Јас го имам таа, ако го продадам, но ако не, ќе го зготвам“.

Тајните купувачи на здружението за заштита на потрошувачите од лани во август ја следат цената на гравот и укажуваат дека првата цена била 3,41 евро, во јули 4,19, а потоа се дуплираше.

Треба да знаете
Последни објави