Search

Татко пиел пиво за време на лет, па му дозволил на синот да управува со авионот, загинале во прашума во Бразил

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од татко како држи пиво додека неговиот млад син лета со нивниот авион – не многу време пред  да загинат во несреќата.

Гарон Маја (42) и неговиот син Франциско (11) загинале кога нивниот приватен авион се урнал во прашума во Бразил на 29 јули.

Сопругата на Маја, Ана Придоник, наводно си го одзела животот само неколку часа откако нејзиниот сопруг и посинокот биле погребани на 1 август.

Бразилската полиција истражува како постапките на таткото  придонеле за фаталната несреќа на авионот.

Не е јасно кога Маја ја снимил снимката како пие пиво, но тој може да се види на копилотското седиште додека неговиот син управува со авионот од 900.000 фунти.

Тој наводно планирал да лета со Франциско над илјада милји назад кај неговата мајка во Кампо Гранде, Мато Гросо до Сул, пишува Дејли Меил.

Авионот повторно полетал во 17.30 часот и наводно се урнал осум минути подоцна, исчезнувајќи од радарите.

Треба да знаете
Последни објави