Search

Петмина полицајци уапсени во Марсеј, осомничени се за смртта на маж за време на насилните протести

Петмина полицајци се уапсени во Марсеј во истрага за смртта на 27-годишен маж за време на немирите во градот на 1 јули.

Според Гардијан, тие биле меѓу 20-те членови на елитната единица Рајд, кои биле испрашувани за повредите на Мохамед Бендрис за време на немирите што ја зафатија земјата откако полицијата го застрелала тинејџерот во предградие на Париз на 27 јуни.

Јавниот обвинител сугерираше дека Бендрис „најверојатно“ починал по „силен удар во градниот кош “, проследен со срцев удар.

Гардијан пишува дека Бендрис возел скутер за време на немирите, а обдукцијата открила знаци на повреда на градниот кош за која се верува дека била предизвикана од полициско оружје кое испукало големи гумени куршуми.

Покрената е истрага за наводите за предизвикување смрт „со употреба или закана со оружје“.

Треба да знаете
Последни објави