Search

Агенцијата за филм до директорот на Венецискиот фестивал: Во случајот со Манчевски не станува збор за прогон на автор, туку за расчистување финансиски злоупотреби

Агенцијата за филм напиша писмо, во кое реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал во врка со режисерот Милчо Манчевски.

„Почитуван господине Алберто Барбера, директор на Венецискиот филмски фестивал, почитувани Франческо Раниери Мартиноти, претседател на ‘АНАК-Аутори’ (ANAC-Autori), и Франческа Коменини, претседателка на на „Ченто Аутори“ (Cento Autori), изразуваме огромно жалење што вие како први луѓе на филмскиот фестивал во Венеција и филмските професионалци во Италија сте доведени во заблуда, без да ги знаете фактите и вистината и што на овој начин дополнително правите притисок на јавноста и институциите во нашата држава“, вели во писмото директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.

Во него тој вели дека во конкретниот случај за кој реагира Фестивалот не станува збор за никаков прогон на автор (режисер и сценарист), туку станува збор за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски, односно правни постапки за расчистување финансиски злоупотреби, недоставување финансиски извештаи за потрошени 900.000 евра, како и низа други индиции.

-Институцијата што ја споменувате, Агенцијата за филм на РСМ, веќе 14 години нема одбиено ниту едно барање за финансиска поддршка на режисерот Манчевски. Актуелното раководство во последните 5 години на истоимениот режисер му има одобрено средства во висина од 2,3 милиона евра. Искрено, се надеваме дека ќе го увидите овој пропуст, ќе ја разберете нашата реакција и во интерес на правдата и законот, ќе го повлечете писмото, со што без дополнителен надворешен притисок ќе се даде простор на независните институции на нашата држава, која е аспирант за членство во Европската Унија, да ги утврдат спорните факти и да донесат соодветни правни одлуки, стои во реакцијата.

Директорот потенцира дека РСМ не врши никаков политички или каков било друг притисок врз Манчевски ниту, пак, има вакви постапки за кој било друг автор.

Треба да знаете
Последни објави