Search

(Видео) Со жесток старт од зад грб на пријателски меч му скрши нога на противник

Фудбалерот на шпански Бургос, Хозе Матос со жесток старт од зад грб му ја скрши ногата на младиот напаѓач на Алавес, Хулиано Симеоне, помладиот син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего – Чоло.

Симеоне требаше да добие шанса во првиот тим во новата сезона, но не го доживеа своето деби во официјален натпревар затоа што доживеа тешка повреда во 86. минута.

Сцените беа застрашувачки, а тоа го покажува и реакцијата на останатите фудбалери кои во шок се држеа за глава.

Треба да знаете
Последни објави