Динамо Загреб од преселбата на Гвардиол во Манчестер Сити ќе заработи уште 13,6 милиони евра

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол од денеска е нов фудбалер на англискиот првак Манчестер сити. Преселбата на Гвардиол од бундеслигашот Лајпциг во англискиот премиерлигаш Сити чини 92 милиони евра и дополнително ќе се зголемува суматра со бонусите. Со овој договор, Хрватот стана најскапиот платен дефанзивец во историјата на фудбалот.

Освен Лајпциг, од трансферот на Гвардиол, добро ќе заработи и повеќекратниот хрбватски првак Динамо Загреб од каде дефанзивецот тргна на печалба. Хрватскиот првак во 2021 година го продаде Гвардиол за 18 милиони евра во Лајпциг, но во договорот стои дека на Динамо му припаѓаат 15 отсто од 74 милиони евра, што значи дека 11,1 милиони евра ќе завршат во касата на „модрите“.

На оваа сума треба да се додадат и 2,75 отсто од парите како дел од договорот за развој на фудбалерот, а тоа се дополнителни 2,5 милиони евра. Тоа значи дека Динамо за трансферот на Гвардиол во Манчестер сити вкупно ќе заработи дополнителни 13,6 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави