Буфон се враќа во националниот тим на Италија

Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон кој на 45 годишна возраст пред три дена се збогуваше со играчката кариера, експресно доби нова ангажман во фудбалската репрезентација на Италија. Буфон ќе биде член на репрезентацијата на Италија, каде ќе ја има лидерската позиција во делегацијата на поранешниот светски шампион, но ќе биде и дел од на стручниот штаб.

– Се враќам во репрезентацијата затоа што детето кое првпат ги мина портите на Коверчиано пред 30 години, сè уште сака да сонува и да го живее овој сон со италијанските навивачи, напиша Буфон на социјалните мрежи.

Пред Буфон шеф на репрезентативната делегација беше Џанлука Вијали. Во декември 2022 година, Вијали ја напушти функцијата, а во јануари почина.

Треба да знаете
Последни објави