Search

Николовски со апел до земјоделците: Предупредување за обилни врнежи од дожд

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил истакна предупредување за обилни врнежи од дожд за сабота 5 август‼️

Тој упати апел за земјоделците.

„Според прогнозата УХМР најавува дека во текот на попладневните часови во сабота 5 август се очекува можност од нестабилно време со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Апел до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците“, вели Николовски.

Треба да знаете
Последни објави