Search

Русија ја стави Норвешка на листата на непријателски земји

Владата на Русија ја вклучи Норвешка во списокот на земји што вршат непријателски дејства против руските дипломатско-конзуларни претставништва.

Со оваа одлука Норвешка е ограничена на 27 лица што може да ги вработи во своите дипломатски претставништва на територијата на Русија, се вели во соопштението на руската влада.

Во мај 2021 година беа воведени ограничувања за дипломатските претставништва на САД и Чешка, а во јули 2022 година за дипломатските претставништва на Грција, Данска, Словенија, Хрватска и на Словачка.

„Списокот одобрен од владата не е конечен и имајќи ги предвид тековните непријателски дејствија на странски држави насочени против руските мисии во странство, тој може да биде проширен“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави