Search

Осквернавен споменик на загинат бранител во борбите во Диво Насеље и икони во Инџиково

Синоќа е откриено сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во кумановско Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветениот крст поставен во истиот парк во Инџиково.

Информацијата на Фејсбук, заедно со фотографии ги објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски упатувајќи наостра осуда и побара итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата.

Стефковски порача дека ваквиот сторен чин на големиот македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда.

Бистата е исчкртана со спреј, а пречкртана е и плочката со неговото име и пораката „Хероите живеат вечно“.

Според информациите од жителите, со спреј се прекриени и иконите од осветениот крст во селото.

Стојменовиќ трагично го загуби животот при полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво насеље на 10 мај 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави