Search

Во јули санкционирани 1874 возачи на мотоцикли, 45 мотоцикли одземени

Во текот на месец јули 2023 година спроведени беа засилени акциски контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 1874 возачи. Од нив, 1266 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 308 возеле без возачка дозвола, 45 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Треба да знаете
Последни објави