Search

(Видео) Полициските хеликоптери спречија ширење на пожарот спрема ветерниците во Богданци

Полициски хеликоптер со исфрлени 17 тони вода учествуваше во локализирање на пожарот кај Богданци

Денеска Хеликоптерската единица за полициски намени дејствуваше во реонот на Богданци, каде успешно беше локализиран пожарот кој настана околу 11.00 часот кај месноста Брдаров Камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“.

Пожарот кај Богданци, во кој биле опожарени околу 500 хектари нискостеблеста шума, го зголемил интензитетот попладнево и покрај интервенцијата на двата Ер трактора на ДЗС кои низ повеќе налети и исфрлање вода учествуваа во гасење на пожарот, по што кон локацијата се упати и еден од полициските хеликоптери опремени за гаснење на пожари.

Притоа хеликоптерот на МВР исфрли 17 тони вода, пожарот е локализиран, но поради смрачување сѐ уште не е изгаснат. Притоа, во гаснењето на пожарот покрај МВР и ДСЗ, учествуваат и пожарникари од Дојран и Валандово.

Треба да знаете
Последни објави