Search

Армиските специјалци го пронајдоа телото на мажот од Никуштак што се удави во езерото кај бранат Глажња, во тек извлекувањето

Телото на мажот со иницијали Ф.Р од село Никуштак кој од 30 јули се води како исчезнат во водите на езерото кај браната Глажња и по кој интензивно се трагаше изминативе денови е пронајдено и, како што дознаваме од армиски извори, во тек е неговото извлекување.

На 30ти во попладневните часови во Центарот за управување со кризи- Куманово било пријавено дека маж на возраст од 30 години влегол во водата на езерото кај браната Глажња, меѓутоа не излегол од истата.

Шест нуркачи од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и осум други од Баталјонот за специјални намени „Волци“, заедно со припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) изминативе денови интензивно работеа на пребарување на еезерото.

Треба да знаете
Последни објави