Search

Џафери ја предводи државната делегација на одбележувањето на државниот празник Илиден на централната прослава во Крушево

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја предводи државната делегација на одбележувањето на државниот празник Илиден на централната прослава во Крушево.

Тој положи цвеќе на  гробот на Никола Карев во Македониумот, како и на споменикот на бранителите на Крушевската Република и Споменикот на Слива „На хероите на Слива“.

Бројни делегации се поклонија и пред Споменикот на бранителите на Крушевската република.  

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија ја предводи претседателот на Законодавниот дом Талат Џафери, а од име на Владата цвеќе положија министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, Јованка Тренчевска и Љупчо Николовски.  

Делегацијата на Армијата на Република Северна Македонија и Генералштабот, ја предводеше бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, а венци свежи цвеќе положија и се поклонија пред спомениците и градоначалникот на Крушево Томе Христоски.

Во рамките на одбележувањето на 120-годишнината од Илинденското востание беше одржана панихида во црквата Свети Никола.  

Во Крушево на централната прослава е и делегација на ВМРО ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави