Search

Пендаровски и Вучиќ во обиколка на манастирот Прохор Пчињски

Претседател Стево Пендаровски и српскиот претседател Александар Вучиќ денес го посетија манастирот Прохор Пчињски каде што се одржа првото заседание на АСНОМ. Следуваше заедничка средба, а предвидено е и обраќање на двајцата претседатели.

Во манастирот ги пречека епископот Врањски Пахомије и архимандритот Методиј, кој е игумен на манастирот. Пендаровски положи венец на спомен-фонтаната во портата на манастирот.

Во манастирот во присуство на верниците претходно се одржа заедничка литургија на српската и македонската православна црква.

Претседателот Пендаровски пристигна од Пелинце каде што се одржа свеченоста по повод 2 Август, Денот на Републиката.

Треба да знаете
Последни објави